Во нејзиното писма одѕвонуваше тишината на нејзината осама, нејзиниот божји долг што си го препишуваше на својот живот како да ги спаси чедата, кои сега ја напуштаа заодени по патот на нивните семејства, а јас се бев оддалечил најмногу, следејќи ја кривата на својата амбиција Колку ли пати пишував многу побезвредни депеши, се внесував целосно во нив, сигурен дека можеби никој нема да ги удостои со вниманието што им го посветував, наместо да ги пишувам одговорите на писмата на мојата мајка, кои беа незаменливи делови живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)