- Смири се душо, тоа сум јас. - маската на нејзинито лице ѝ оневозможи веднаш да ја препознае својата тетка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
На сликата на белиот мермерен споменик, иако многу одамна не беше ја видела, ја препознала својата другарка и не можела да не се расплаче силно.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Почувствува дека е внесен во запознавањето на својот живот до таа мера што не можеше да го препознае својот сопствен идентитет.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Зар не е речено дека чедото, во мугрите на животот, при допирот со светот, првин си ја препознава својата Мајка, по нејзината насмевка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Поставен во услови на уништени културни институции, тој ја препознава својата ситуација во која неговата публика, т.е. класата што е носител на една постојана мисловност и е отворена за дијалог, исчезнала.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Кога пред триесет години ја запозна, тој во неа ја препозна својата Шехеразада – нејзиниот глас, топол, мелодичен и лелеав, како свилен превез ги покриваше зборовите што му ги кажуваше, навидум обични, и им даваше и тежина и леснина, па тие де му ги притискаа градите де го подигаа една стапка од земјата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Таа ја имаше онаа древна, подзаборавена женска умешност на освојување со гласот, со зборот, со приказната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)