За лицата кои се невработени основицата на која се пресметуваат придонесите е разликата помеѓу остварениот приход и минималната плата утврдена со Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Стапките по кои се пресметуваат придонесите предвидени за годините 2012, 2013, 2014 останаа исти како што беа во 2011 година, а пак за 2015 година е предвидено стапките за пресметување на придонеси дополнително да се намалат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во временскиот период за кој е анализиран овој доста битен и актуелен закон (2010–2014), истиот претрпел дури 11 изменувања и дополнувања.123 Со овие измени битно се ограничи правото на невработените лица да уживаат здравствено осигурување, стапките по кои се пресметуваат придонесите стагнираат или се намалуваат во споредба со 2009 година, а дополнително се предвиде и плаќање на придонеси за популарно наречените „хонорарци“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)