Значи: стојам и пресметувам со каква брзина машината ќе треба да се движи низ преостанатите три деноноќија ако сакаме навреме да втаса до целта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој добро знаеше дека револуцијата отсекогаш била утописки чин и дека на крајот се пресметувала со своите протагонисти, пред најавата на новата револуција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога наеднаш машината здиве и тргна кон мене, но веќе не се движеше лазејќи, се знае колку бавно се движат валјаците, туку се престори животно; троглава аждаја со осум нозе; и јурна тоа чудовиште да ме брка за да ме престори обична страница за нашиот гратски весник.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се клешти и ми се заканува: „Сакаше за празникот да ја имаш првата страница? Еве, ќе станеш цел лист, само да те престигнам!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)