Онака положен на тревата зад вагонот, токму на она место каде што неколку вечери (само неколку ли беа?) престојуваше бабата Петра со внучињата, со Пелагија крај неговата глава одеднаш се најде во кругот на оние што останаа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)