Кога го слушаше Татко Игора Лозински, како меѓу падот на империјата на фашизмот и победата на онаа на сталинизмот и на овој дел на Балканот ја претпоставува иднината, судбината на Езерото и на луѓето околу него, прекинот на вечниот пат на јагулите, во неговата свест проработуваше системот на асоцијации и интуиција, својствен на големите откорнатици, првин како да го следи патот на јагулите кон Америка, пред тој да биде прекинат, потем како да ја продолжи својата Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)