- Велко, чаша за комшијата, - му викна Владо директорот на келнерот и префрли рака преку рамото на дајреџијата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Му беше смешно - говорам за глувчиња како за жолти и ситни птици. „Не“, му рече. „Јас не смеев ни олку да се задржам.“ Се обиде да ѝ ја префрли раката преку половина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа ми ја префрли раката преку рамото.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој веднаш ме стигна и ми ја префрли раката преку рамото, ме загрна топло и ние тргнавме накај дома.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Александар ја префрли раката преку нејзините раменици...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
СОФРЕ: (му ја префрлува раката преку рамото и го води да седнат на миндерот.) Седи.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
И ќе се фатам пак така во некој блудничав сон: ми ја префрлил раката преку рамено, ми ги пикнал прстите во косата и едно за друго ме љуби.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со биковски наведната глава се загледа во противникот потоа брзо и вешто се наведна, ги префрли рацете околу неговата половина и го дигна од земја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој ми префрли рака преку рамо и со несигурен чекор појде по улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Кузман олеснето воздивна, ја одмери девојката што помина покрај нас и испраќајќи ја со матни очи ми префрли рака преку рамо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Седнав, тој седна до мене и ми префрли рака преку рамо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На свадбарското лице му играше насмевка. „Стана, а?“ рече. „Сега ќе почекам Сандре да се обеси.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа јас мислев свадбата да биде побрзо, но стариот остана на своето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги затвори очите и ја почувствува нежната кожа и свежата полнота на неговите усни врз своите и едно смирување кое ѝ ги запре солзите, но предизвика и наплив на страст што ја тера да му ја префрли раката преку вратот и да ги стисне усните посилно до неговите, како толку силно да чувствува дека се создадени еден за друг што ѝ се чини дека, онака меѓусебно предадени, со усните што не сакаат да се одвојат, во свежата ноќ дишат заедно давајќи си еден на друг здив и нежност без која веќе не ќе можат да издржат, ни таа, ни тој. И навистина, што јас сум врзала човек не одвоил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сочувствително му ја префрли раката преку рамо и како да го придржува, го испрати до вратата каде што му се поклони на семејството на Сандра кое тргна по долгиот ходник натаму кон скалите што водеа надолу кон излезот во кој бликаше сончевината на денот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тој сакаше прв да ѝ каже нешто значајно што ќе ја израдува. Ѝ ја префрли раката преку рамо додека чекореа кон дома, по кејот на реката. – Во Архивот ќе ги објавуваат моите битолски кадиски записи, кои ги преведував!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)