префрли (гл.) - дека (сврз.)

Ви префрлуваат дека жанрот на филозофска аргументација го мешате со литература. Вие на сличен начин ги анализирате филозофските, литературните или поетски текстови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Уште помалку треба да му се префрли дека не ја знаеше својата работа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Конечно - дојде крајот на возењето.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во општата турканица им се доближив на другарите.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Беа фер. Ништо не ми префрлија дека се одделив од нив и седев со Оливера.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога ќе се смиреше, по испиеното кафе, во утеха ќе си префрлеше дека сепак не е негова работа да си го цепи умот за далечната иднина, за комунизмот, има за тоа поумни глави... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Доаѓаше по дрвеното мовче (што веќе не постои), а кога успеа да ми се приближи ми префрли дека сум згрешил што не сум присуствувал на театарската претстава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со право можеа да ѝ префрлат дека е обична воајерка ако ја забележеа во сенката зад пердето.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)