Макар што немаше луѓе, ни поп, ни брави за курбани, ни брашно за погачи, ни вино ни ракија како и порано во среќно време, старците и бабите што се прибраа од збеговите пак дојдоа в црква да запалат по некоја свеќа или пак да се прекрстат пред иконата на свети Илија да ги има во раката нивните мили и драги што беа затворени во тврдината на Пешта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Си се сладел така малечкиот бате Иле, додека едно попладне растревожениот глас на мајка му го викнала одма да се прибере од сокак.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Ем јас чунки сум прв на земјава наша, како војводата ваш што го имате во Прилеп, така и јас сум овде, - да сум ја опколил сета земја околу наоколу сум видел оти не може ништо да се прибере од лоши спили и далги.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
- Што ти стана? – скокнав и јас по неа, искористувајќи го моментот малку да се приберам од растроеноста што ми ја предизвика спомнувањето на Мартин.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Леле, ако Фрањо ми се пикнал во цртежите и ако ми ги изџвакал!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
— Е, добро, добро. Ќе најдиме добици, стопанка му, ете анџак утре е недела, луѓето ќе се приберат од работа — одговори Тодор и веќе се приближија до кладенецот кај гумната над село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)