Според неа арно прави Пелагија што се здушила со Господ, ама не чини што не може во *ана да го напика Господ или исушениот Исус Христос онака закован на големиот дрвен крст, а и во малечкиов суртук со голата лејка што не се прибира со мракови!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Одвај дочека Петре да падне ноќ и да се прибере со Тодора насамо.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Уште кога се прибраа со нарамник дрва, од трлото излегоа двајца луѓе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Па не ѝ беше за бадијала изметот. Што носеше попот од село — сето ѝ го даваше нејзе, преку некаква снаа од втор трет братучед, кај која Анѓа се прибра со братчето кога попот ја напушти нејзината куќа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)