Гледав како понекогаш ветерот минува преку него со исушен лист, или како некоја птица – врапче, гавран или гулаб - застанува на него, да се одмори, да си го наостри клунот од металните држачи, или да го исфрли од себе изметот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Голема ли е твојата мисла толку за да ја прибере мојата многузборливост, а притоа ниеден збор да не се загуби од вид?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
- В рака земам една планина ја превртувам два-три пати и ете ти писмо напишано со камејна кое никој, никогаш, никаде и со ништо нема да го избрише...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Есента, кога времето залади, го прибрав мојот стол, а столот на мајка остана надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Крстици светлина Острови како храмови се извишуваат над морето по кое пловам а јас копнеам само по еден од нив на кој да се прибере мојот народ та само бесконечноста, морето и ѕвездите да му бидат граници и да гледам утринум секој со срп в раце како жнее крстици светлина зашто само тоа ќе ги израдува моите предци чија адреса е запишана во Светото писмо.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)