Се разбира, некои гејови и луѓе што им се благонаклонети реагираа со поддршка и со ентузијазам, но многумина други приговараа дека сум бил непромислен и провокативен, дека сум ги ставал геј- мажите на лош глас, сум продавал стереотипи со тоа што сум имплицирал дека геј- мажите се различни од стрејт- мажите, дека сум ја изнесувал лудата идеја дека постои нешто што се вика геј- култура и дека е различна од стрејт- културата, дека сум ја потврдувал хомофопската претстава дека геј- мажите „врбуваат“ стрејт- мажи да се впуштат во „геј- стилот на живеење“ или дека сум ѝ давал на верската десница оружје со кое ќе удри по нас, а со тоа сум ја загрозувал борбата за граѓанските права на лезбејките и на гејовите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Така некако, Џон Хауард, истакнатиот геј-историчар, приговара дека американската геј- и лезбијска историја „честопати ги заташкува еротските интеракции на теми од квир-историјата.
Засегната со идентитетот, со културата и со политиката, таа понекогаш учтиво ја превидува онаа веројатно дефинирачка одлика на тој потфат, хомосексот“.101
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)