придонесе (гл.) - во (предл.)

Не, оваа помисла не ми наиде случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тој повторно е зафатен со темницата во прозорецот а јас… јас навистина се плашам дека може да се случи и на глас да го прашам дали верува дека неговото професорско однесување може да придонесе во разрешувањето на сложените прашања и дилеми сврзани со мојот случај, во кој наивноста и брзоплетоста заземаат најзначајно место?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи, врз основа на пресметката според датумот на раѓањето на спомнатиот Иван, средбата на Таша со идниот татко на копилето можела да се случи при крајот на ноември или почетокот на декември 43та година, а овој период се совпаѓа и со престојот на нашите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели токму наивноста и брзоплетоста, иследникот ги беше спомнал како можна олеснителна околност уште при првата наша средба, а јас наивно ги бев протолкувал само како понуда обвинувањата да се сведат на размена на пријателски размислувања и на еден вид другарска помош.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека беше спомната последната недела на август 44 та. Мислам 26 или 27 август.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за да го узнае таткото од суштинско значење бил, според мислењето на момчето, и оној податок што може да придонесе во разјаснување на татковството: датумот на раѓањето на момчето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оној февруарски ден 1933 година Зигмунд навистина веруваше во тоа, но веќе беше започната една поинаква низа на настани – дојде нов владетел на Германија и нашите сестри се вратија во Виена; кога новиот германски владетел ја освои и Австрија, брат ми со оние чии животи одлучи да ги спаси замина за Лондон; ние, неговите сестри, бевме депортирани во еден, па во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мислев на неговите хумани зборови кои ги кажа меѓу остарената Богородица покрај распнатиот Исус и Богородица со детето Исус: дека највисоката цел кон која треба да се стреми човечкиот род е да се овозможи секој човек да живее живот со што помалку тегобност, и секој човек да придонесе во остварувањето на тој идеал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но и тогаш една од причините за полудување доаѓа од Бога – во времето на ренесансата лудилото е сфатено како последица на три основни грева: лудило на вообразбата, кога човек верува дека е некој, или нешто, што реално не е; лудило како Божја казна; лудило како последица на огромна страст.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога во Европа започнува епохата на рационализмот, лудите нема веќе да бидат гледани само како грешници кои паднале под власт на демонските сили, туку и како опасни суштества, или суштества кои не можат да придонесат во општеството и со своето постоење го попречуваат неговото функционирање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаеше дека веќе со ниедно движење не ќе може да придонесе во меѓусебното приближување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јавното мислење на секретаријатот стоеше на ставот дека Бојана е добар улов кој може да придонесе во напредувањето во кариерата на секој гардист, заради влијанието на нејзиниот татко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа книга придонесе во градењето на централниот концепт на тукушто појавената компјутерска култура („cyberspace”); дефинира нов литературен стил, киберпанкот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Јас во тоа време, кога фашизмот започна да се шири од Германија, размислував за западните модерни теории и методи како да се придонесе во воспитувањето на детето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не му го откриваше на Климент Камилски својот крунски аргумент за да се откажат од проектот дека турцизмите, односно османизмите во подалечните времиња, останале како единствените сведоштва за историскиот континуитет на различните народи кои живееле во османскиот дел на Балканот, заемните влијанија меѓу балканските јазици кои придонесоа во создавањето заеднички менталитет олицетворен во балканскиот јазичен сојуз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да, јас наивен, еднаш каков што создава Господ, со сите мои донкихотовски илузии дека со мојот одбранет докторат и искуството од Шпанската војна, ќе придонесам во спасот на Балканот од вековното проклетство, од неколкуте предложени теми за работа врз докторската десертација дисертација се определив за трудот кој не ја исклучуваше неговата полезност и општа употребливост при враќањето во мојата земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Германскиот јазик не го владеев воопшто за да можам, шпионски, да придонесам во истребувањето на малите народи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Да не заборавиме на чајџилничката сцена во „Галерија 7” што на посебен начин придонесе во формирањето на една специфична супкултурна арена.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Армијата значајно придонесе во развојот на хардверот и софтверот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сфатив дека ми останува само да се согласам со него дека е потребно да се создадат такви околности што ќе оневозможуваат секоја помисла за постапки што водат кон несреќи и слични окончувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не бев сигурен колку ќе можам да придонесам во отстранувањето на недоразбирањето помеѓу двајцата пријатели но сепак спомнав, само спомнав, но за да ме слушнат и двајцата, дека пред година или две речиси бев сигурен оти никогаш повеќе нема да дозволам да се вљубам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Залагањето на одговорните служби сметам дека ќе придонесе во разумен рок ваквите несреќи дури и сосема да ги снема.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и тој, и тој, без да сака, беше придонел во создавањето на тоа чудовиште.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во рамките на оваа задача, секако спаѓало и испраќањето воена мисија и во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој барал да се испратат британски воени мисии во Главните штабови и во поголемите единици на сите покраини во Југославија, кои би можеле да придонесат во остварувањето на предвидените британски акции и да послужат како врска преку која ќе се реализираат барањата на единиците на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И не само што албанскиот диктатор одби, туку придонесе во целиот сталинистички период да се засили масовна пропаганда против личноста и делото на Фаик Коница, кој заедно со Фан Ноли, беа според многумина најголемите умови во албанската историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Училиштата не можеле да придонесат во таа смисла.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
12. Црквата ја играла истата улога како и училиштата и според тоа, и таа не можела да придонесе во ослободителните напори на македонскиот народ
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)