Напротив, нашите катхези ѝ соодветствуваат на објективна структура на нивно барање, обликување и складирање која придонесува далеку повеќе кон значењето на некое дело од масовната култура отколку што придонесува истрошениот естетски дизајн, односно проѕирната идеолошка пропозиција, кој е сѐ што останува кога ќе се пренебрегнат. (68–69)
Ова во прв ред е аргумент во прилог на значењето на масовната култура во „сентименталната историја на општествените групи“,123 а во втор ред е аргумент да се воведе во проучувањето на масовната култура еден вид критика која е поинаква од чисто идеолошката, критика што се сосредоточува на содржината на самата форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)