Условена со принципот на интензивно движење, како и со идеалот на редукција кон „суштественото”, формата на експресионистичката проза се приклонува кон згуснување и сосредоточување.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
18 Како и во случајот со Бугарија така и Кралството Југославија било ставено на крстосница, дали да се приклони кон нацистичка Германија или да остане надвор и да го прифати британското и американското ветување за помош во случај да ѝ дадат отпор на нацистичка Германија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На седницата на министрите за надворешни работи одржана на 10 февруари 1945 на дневен ред било поставено прашањето за југословенско- бугарските односи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Националсоцијализмот се приклони кон посилни баталјони и единствено тие и го интересираа.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Убедувањата на Донован сигурно не биле многу убедливи и поткрепени со реална можност за помош, имајќи ја предвид политичката и воената состојба во Европа каде што воените сили на Велика Британија трпеле порази на сите фронтови.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)