Дали принесените жртви за ослободување не се напразно?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И врз трпезата на плоча запишано: Легии, добродојдовте на трпезава што ја оставивме да ви појасни дека ние не умревме ниту за вода ниту за леб туку поради Честа што се обидовте да ѝ ја одземете на татковината ни... Sacra populi lingua est
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
По големата погибел на Евреите на Масада 73, Хадријан пристигна во Атина, му принесе жртва на својот бог, ја бакна земјата под Акропол и извика: sacra populi lingua est.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Завиваат, викаат, тажат, принесуваат жртви.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
На Зевс му се принесуваат жртви пред да фати бура Сизиф во Епир од погледот на Танат да избега сака.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Ги докрајчуваш принесените жртви, привршуваш со ритуалот и ладнокрвно ја чекаш конобарката да ти донесе сметка, бомбончиња и влажни марамици.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Благословено е делото на Јуда Макаби, врви низ главата на Елеазар бен Цви повторената бенедикција за Макавеецот, зашто Господ прави чудо и менората со она малку масло наместо само еден, гори цели осум денови и го осветлува и осветува Домот на Севишниот и Единствениот бог на кој одново му се принесуваат жртвите во Хамизбеах. Раби Елеазар бен Цви не гледа веќе прикази.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Долго време забранил свирење на флејта и било каква музика, додека од Амоновиот храм не стигне божја наредба: Хефестион да се почитува како херој и да му се принесуваат жртви.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Му принесовме жртва за да нè поштеди (од одговорноста), кога ќе дојде немилиот но неминовен фајронт на умот.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)