Освен на почетокот кога за кратко ја заведе егзотиката на Солун, таа никогаш не го прифати овој град. И тој не ја прифати неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дерида го прифаќа овој дел од структурализмот но останатите аспекти на Сосировата мисла ги отфрла.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кралската влада не го прифати овој предлог гледајќи во него можност за манипулација.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Или, отстранувајќи го велот на циркуларност, можеме да кажеме: секој од зборовите во фамилијата има значење благодарение на неговата мрежа од релации на спротиставеност со останатите членови од фамилијата, односно, неговата разлика од нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Иако знакот во поглед на неговиот идентитет е зависен од неговото место во една мрежа од релации, означителот сѐ уште се поима како содветствувачки на еден единствен концепт, означеното; а ова е една форма на присутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога свати дека од неа се одвојува и нејзиниот маж, се почувствува поосамена и понесреќна.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)