прифати (гл.) - вистина (имн.)

Личност која е духовно сиромашна, соочена под дејство на дрога со своето вистинско лице, може да падне во депресија, бидејќи не може да ја прифати вистината којашто го навредува нејзиното самољубие и замислената слика за себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Освен ова се беше разбирливо. ама крајно и безпоговорно ја прифати вистината дека во тоа општество сите ќе бидат еднакви.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зборуваше дека е свесен за целата ситуација, дека ја прифаќа вистината, но иако се јавуваше од далеку го чувствував неговото подголтнување кога зборува, го чувствував трепетот на неговиот глас.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ќе може ли да ја прифати вистината дека и Хелвиг се откажа од неа?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не сакав да верувам дека го нема, не сакав да ја прифатам вистината...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но сега веќе на Еда му беше јасно дека одлагањето на потврдниот одговор е само добивање во време што на Германија ѝ беше потребно за да го смири, за да го наговори да ја прифати вистината онаква каква што му ја кажува таа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)