прифати (гл.) - партија (имн.)

Тој се прашуваше нејасно колкумина се како неа во нејзината генерација - луѓе кои израснале во светот на Револуцијата, кои не знаат за ништо друго, кои ја прифаќаат Партијата како нешто непроменливо, како небото, кои не се бунтуваат против нејзината власт, туку едноставно ја одбегнуваат, како што зајакот го одбегнува кучето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, кога тој, во уште подраматично време од својот живот, во Цариград, не ја прифати партијата на Ататурк која му нудеше брилијантна судиска кариера и висока позиција во новата власт, а не го прифати ни благословот на ниедна партија во родната земја кога, во времето на фашизмот, не ја прифати и понудата да ѝ се приклучи на Татковинската партија, по цена на губење на родното огниште и одење во траен егзил, не гледаше ниту сега посилна причина, во името на судиската кариера што му се нудеше, да стане член на Комунистичката партија! По никаква цена!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дедо ми е силен и многу се радувам кога го гледам, зашто без збор прифаќа партија бокс или борење.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)