Иако симпозиумската сала беше речиси празна, професорот Седларски ги сослуша внимателно воведните објаснувања на претседавачот на сесијата а потоа, откако го остави своето сако’ на една од празните столици пријде до микрофонот и се заблагодари на дадената можност да претстави една од загрижувачките појави која досега не била предмет за сериозна расправа на ваков висок собир.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
На морето завладеа голема тишина кога пријдовме до местото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Пријдов до вратата, но не до онаа зад која се наоѓаше бушавата глава на стражарот туку до другана, зад закачалката, на која до пред малку висеше ременот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Пред да се вслушам во шепотењето таа врата не ја бев забележал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тато гледаше телевизија. Мама полека пријде до телевизорот, нешто му рече на тато и го исклучи, а мене остро ми заповеда да седнам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)