Но ти си мртов, брате. Јас те видов пробиен со олово и со ишарана кожа од пламенот на агентската запалка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Како да сакаше да ги пробие со погледот, да ги размести лево и десно.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Го најде мртов во собата на некаква Марија, го најде крвав, пробиен со олово, смирен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Оние двајца борци на кои им ја раскажувал непознатата историја, весели зејгоровци што и на родените мајки можеле нечујно да им дрпнат доенче од прегратка, црпеле со една лажица густ мармалад од пленета германска конзерва и задоволно ги протегале мршавите нозе по земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)