На почетокот на векот го доживеа падот на Отоманското царство, па се провлече низ Балканските војни, па првата, Втората светска војна, но дотогаш никој не ги гибаше козите. Си врвеше векот со нив.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Човечката сенка како дух се провлече низ вратата, влезе во дворот, се искачи по скалите и влезе во дворот, се искачи по скалите и влезе во куќата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Добро те најдов, Павле! - одговори дојдениот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Овде контролата е засилена и никој незабележано не може да се провлече низ коридорите, кои се полни со луѓе што ја вршат контролата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Морав да се провлечам низ едно подземие, додека излегов на „Кајзер штрасе“, која водеше во центарот на „Хаупт Вахе“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тоа се провлекува низ долготрајните процеси на подготвување во бројни хетерогени области.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Така ќелавите, а веднаш по нив и бујнокосите, мажи кои се провлекуваат низ екранот ќе бидат лишени и од најмалата пародична нијанса: рекламите за перики и за трансплантација на косата се реклами како и сите други.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Минавме една зелена полјана, една нива од која беше собран родот, се провлековме низ една ограда, а потоа под сенките на некакви дрвја со пожолтени лисја, дојдовме до тополите.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Овидиевите Метаморфози халуцинантно се провлекуваат низ политичките, стопански и социјални преобразби.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сцената блика во огномет од метаморфози.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А сега ако речеше нешто можеше да стане и кулачки елемент, и ситносопственик, и малограѓанска стихија, а таа врата е многу широка за влегување, но за да се излезе од неа би требало прво да знаеш да се провлечеш низ иглени уши.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нејзината светлост се провлече низ решетките на прозорецот, падна преку црната маса и простирајќи се по подот, се обиде да се прпне преку вратата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И Кара-Демир го вообликува звукот во илјадници игли; се провлекуваат низ шуплинките на коските во осакатените нозе и де движат низ него цењлиот - коските му се сушат и се распаѓаат, тој станува изѕемната и глекава маса со покриена бојазливост за себеси таков.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ом, Жар Ко Мраз и постшминкерот Боби кој едвај се провлече низ вратата бидејќи неговиот текст во Маргината што ја носеше под мишка штотуку се престори во.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но тој нели излезе жив и здрав од тој пекол, се провлече низ чистилиштето, или подобро речено го извлече оттаму Хрушчов, кој ја сврти страницата на сталинизмот во СССР.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Демонот во него беше преголем за да се провлече низ решетките на канализацијата рамно до земјината утроба, за да стане отровна риба со кал во жабрите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако се провлечеш низ решетките, тие ќе стрелаат по тебе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мајко божја, зол е твојот син Исус! се сети и заплака, - проклети чудовишта и проклет Нојов ковчег, - а горилата го влечеа, мирни и свикнати на отпор, отсутни, влакнести. „Зошто?“ ги праша со свенат глас. „Зошто?“ Прашањето како да не можеше да се провлече низ малите грмушки на сивите влакна што им пробиваа низ ушите како кај клисарите од дебелите руски книги.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Настојуваше да му даде живот на палестинското движење, на својот народ во егзил во својата земја и надвор од неа, вешто владеејќи со противречностите на биполарната епоха, но да побара излез и од крајот на оваа епоха.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Успеваше да ја одржи жива меморијата на палестинското постоење, успевајќи да се провлекува низ границите на реалноста и легендата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Гледаше скаменет и пресметуваше уште колку време има да се исцрта сигурен црвен рез преку грлото на човекот и да провлече низ него спасоносно сребрено цевче.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се верува меѓу народот дека оваа вода влегувајќи во Охридското Езеро, не се меша со езерската туку се провлекува низ целото Езеро каква што е, а потоа истекува во реката Дрим кај Струга.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мирисот и вкусот беа толку одбивни што одвај го провлеков низ усните.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој имеше подготвено марамче кое очајнички го зграпчив.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Уредно ме провлекува низ албумот со темно црвени корици, кичерски позлатени, меѓу кои незнајните Мајстори се смеат, прегрнуваат, разговараат, пијат со прочуените Мајстори.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Таа се провлекува низ сонот – ту риба, ту бреза, ту жена, ту татко.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Денес кога размислувам за филмовите на Енди сѐ уште ме фасцинира едноставноста на изразот, но и чувството што се провлекува низ нив, на нешто кое се обидувате да го фатите, но не можете бидејќи тоа секојпат необјасниво ви бега.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако платат.” 26 години подоцна, Курт Кобејн од Нирвана пишува, “Не се чувствувам ни малку виновен поради комерцијалното експлоати рање на сосема истрошената рок култура бидејќи, во овој момент на рок историја та, панк рокот (иако сѐ уште свет за некои), за мене, е мртов, не постои...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За нив имав слушано многу пред да ги видам и морам да признам дека ни одблизу не беа толку забавни колку што беа самите разговори за нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во ТВ интервјуто дадено на Вилијам Бакли 1970-та, Борхес прецизно рече: „Мирно ќе ја примам смртта, бидејќи сум мошне уморен, бидејќи во животот останаа премалку задоволства за мене“.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Неговото најголемо задоволство беше, се разбира, пишувањето, и тоа посебно пишувањето поезија, но дури и на чинот на пишувањето тој гледаше како на актерска претстава: “Ги сакам песочните часовници, мапите, типографијата од 18- иот век, вкусот на кафе и прозата на Стивенсон; оној другиот ги дели тие склоности со мене, но толку самобендисано што ги претвора во својства на еден актер /.../ Margina #32-33 [1996] | okno.mk 211
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Јас живеам, си допуштам себеси да живеам, за Борхес да може да ја кова својата литература, и таа литература го оправдува моето постоење“. Чинот на пишувањето се појавува овде, ако не како должност, тогаш како нешто налик на мисија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Помеѓу оваа прва изјава за сопствената несреќа од 1964-та до кулминацијата на тој мотив во сонетот “Грижа на совест” од 1976-та, оваа тема се провлекува низ целата поезија напишана меѓу овие датуми.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Минавме една зелена полјана, една нива од која беше собран родот, се провлековме низ една ограда, а потоа под сенките на некакви дрвја со пожолтени лисја, дојдовме до тополите.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)