проговори (гл.) - од (предл.)

На утрото дошел мажот и и ја видел, и се поклонил, и ја пригрнал от радости, и не може да проговори от плач.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Татко ми првпат ѝ проговори од книгите: – Јасно е како ден.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе собирате ли доброволни прилози за мене?“ Ѓаволски им ги замрси конците па квичеа и не можеа да проговорат од збунетост надевајќи се дека сето тоа нема да се заврши зло за нив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)