продава (гл.) - и (сврз.)

Зема дедот Петко заире; носи стока, а Мице ја продава и пишува „приход расход" и по пет шест години, кога си ја видоа сметката, уште малку што не излезе должен дедот Петко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На овие пазари најмногу имаше овошје, а се продаваа и јагоди, па дури и малини, одгледувани под стакларници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Душата не е златна прашина па да ја расфрлате низ ветерот, да ја делите, да ја продавате и на крајот да останете празни, јалови и гнили.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таму полесно се продаваше и подобра цена можеше човек да добие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Уште пред двеста години царот Иван Асен, кој се потпишуваше како цар на Бугарите и на Грците, прв им ја даде на моите претци грамотата насекаде низ царството да продаваат и купуваат слободно, и никој да не смее да им напакостува, било по патиштата, било на пазариштата. Токму како што вели законот за трговијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Итромани, им ги продаваа и нам ни велеа дека по налог на партијата ги праќаа на фронт за да имаат нашите што да јадат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се зборува дека старите Нивичани во минатото живееле од циронките што ги продавале и во најоддалечените села во леринско и костурско.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу пари кладе со тутунот и со ракијата. Продаваше и друго, ако можеш да купиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двапати го продаваа и пак се враќаше дома. Од преку седум села се враќаше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)