Кога ќе ги продадеше билетите за последната проекција, обично идеше Татко, или некој од постарите браќа, за да се вратат заедно дома.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Зад шалтерот 7, еден ќелавко со зачадена цигара продава билети со иста ревност и нервоза со која пуши, не вадејќи ја цигарата од уста.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Стоев сред салата, чувствувајќи се едновремено глупаво и беспомошно како овој дамнешен ден пред 26 или 27 години кога бев заврзан Команч во подрумот на зградата на „Бетон“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)