Мачорот пак го спушти глушецот на земја и ја зазеде истата клекната позиција како да сакаше да ја продолжи играта на ослободување и заробување, играта на надеж и очај, и тогаш Рози стана од своето седиште и направи неколку чекори кон мачорот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Му го читам изненадувањето, оти јас не бев на потег, а сака тоа, колку само сака да ми го рече, ама не дозволувам: ја вртам клепсидрата со видлива енергичност што значи потег и протест и најсетне и простотија и простор во кој има смисла да продолжи играта, граматиката на чутуранга во која бројот на играчите е ограничен на четворица, но се гледа тој е веќе триплициран и нужно е однапред да се договори редот, правилата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Устата ми беше полна со залак што не се голта, а е сладок, и затоа сакав да го задржам што подолго за да му ги ишмукам сите сокови кои беа крепителни за мојата душа и за моето тело, кои ме придвижуваа одвнатре и од мене ги исфрлаа сите непотребности, сите горчини, отрови, пизми, сите стравови и неизвесности; јас тогаш не бев Нинослав од денот што го оставив зад себе, јас бев нестварен но, во исто време, свој и најсвој, исполнет со крв и пламен што беа мои и што ми ги движеа дланките по жената меко распослана над мене, по нејзините коси, по рамената, по грбот, по задникот и надолу по бутовите, и пак назад за да може да продолжи играта што Ема ја очекуваше: од основата на задникот благо но долго, низ одмерени интервали, да ѝ ги ширам, да ѝ ги поткревам и пак благо да ѝ ги спуштам двете крушкасто заоблени и топли половини во чиј засек во исто време ѝ се придвижуваа, се подотвораа и повторно, се собираа скриените, најинтимните устинки на нејзиното тело.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Така, за да ја продолжи играта, филологот беше принуден да пречекори некои ограничувања поставени од неговата сопруга.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Под мишка ги носам белите листови на предавството и строгите правила на играта збран како копец: ми трпнат прстите, ги стегам индигата со план да се победи зимата во срцето, веритигинозниот синдром и сета светска иронија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)