продолжи (гл.) - пат (имн.)

Чанга прифати, а козите сами го продолжија патот кон дома.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И жената што се качи во возот во Топчидар го продолжи патот кон Диселдорф, по нови „потфати“, по нови „старини“ и во потрага, кога ќе се враќа, по нови транзитни патници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, штом се продолжи патот од романската метропола кон Плоешти,или уште подалеку, кон Синај и Брашов, пак доаѓа непрегледната рамнина, која станува здодевна,особено ако асфалтираниот пат низ овој дел на Влашко се минува во топли дни, какви што беа во оваа доцна есен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Капката „боровицка“, чешки специјалитет од боровинки, сите нè освежи, во нас проструи нов живот и така расположени го продолживме патот кон Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Откако, по сите обиди за поправка, не можеле ништо да направат со колата и откако виделе дека таа ноќ не ќе го продолжат патот и мислеле каде да ноќеваат, им се приближиле маж и жена кои им понудиле и помош за колата и гостопримство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ тунел од снег И така, го продолживме патот за Прага и Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со албанските прартизани се задржала околу десет дена во обид да воспостави радиоконтакт со Каиро, за купување мазги и најмување луѓе за мазгите за да може да го продолжи патот кон Македонија.91 Од територијата на Мокра мисијата Mulligatawny заминала на 30 септември 1943 година и се упатила кон Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Момчето си го продолжи патот и натаму плачејки, а Сновалката со брзи чекори се врати по улицата назад чиниш бега од нешто.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Баба Севда го продолжи патот по улицата нагоре, затресувајќи ја главата при секој обид да погледне подалеку од пред себе.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како што баба Севда го продолжи патот, така со мислите се врати од смраченото облачно време и пак беше во сончевината погоре на голата рудина, под дивјачката, од каде што го чувствуваше присуството на Панда нејзин некаде во околината, некаде од каде што секој миг може да се појави...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И без да им даваат други објаснувања и оправдувања, им рекоа пеш да го продолжат патот и биени од силниот дожд вечерта допешачија во ливадите пред Поградец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Богдан Преслапец го посоветува кашличавиот Осип Сечковски да го земе волето на злосторникот Мечкојад и да го продолжи патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа, само една ѕвезда не се запали над земјата. Иконописецовата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еден од луѓето во бели бечви, не со лице на крстен туку сув крстител, висок, брадест и кадрав, трчал кон него со бласкав нож чиниш сака само да го заплаши, да го чалне малку колку да го ослободи од грижи и двоумења и, разминувајќи се со него, да го продолжи патот кон некоја своја голема цел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак уште тројца не го продолжија патот: рамностапалчестиот Марко Марикин, песнопоецот Блаже Задгорец и Гидеон Кузмановски, првите двајца со по еден вол, вториот со ѕевгар: не можеа да ѝ го земат од јамка на смртта килавиот Јаков Иконописец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Онисифор Проказник бара да се продолжи патот“, реков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето ги потсетуваа на крвта што со палец и показалец ја оставија врз светото Евангелие и на клетвата што ја положија пред олтарот на свети Никита дека ни на смртта не ќе ѝ се тргаат од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но знаел, и постарите можеле тоа да го знаат, дека Онисифор Проказник не ќе им даде да го заколат волето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не знаел кога и како се исправил со својата наполнета кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекаа да заврши ловот, чекаа да го видат пред своите нозе Мечкојадовиот труп или да го продолжат патот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Добро, не е виновен. Но зошто не се врати? Тоа ќе ги смири луѓето, и дружината ќе може да го продолжи патот.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По земјата веќе се тетеравеа сонливи мравки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Многу помалку од половина во дружината имаа по две волиња, некои од нив немаа со што да ги заситат. Но не мислеа на тоа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Проказник им викнал дека четвртата двоколка во редот е готова, дека ќе го продолжат патот до урнатината на кулата или на манастирот што не доизраснал до темното небо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МОДРИШЌЕ - ЖЕНАТА ШТО МЕ ПРЕДИЗВИКА Ние го продолживме патот за селото Модришќе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Единствено оттаму можела мајка ми да помине за да го продолжи патот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не ѝ било јасно што ѝ е на мечката, но решила да го продолжи патот и некако без да ја гиба, да ја одмине.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не сакаше да го земе, се расплака и отиде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако влезе во екипата на Волнаровски, Авни речиси ја остави работата во златарата “Карат” и целосно се оддаде на секојдневните обврски: регрутирање на жените од Прифатниот центар и нивно пренесување со комбе до Бар, за оттука, по воспоставениот канал, да можат да го продолжат патот до Бари, во Италија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во таа борба неколку сејмени беа лесно ранети, та мораа да се задржат, колку-толку да се повлекуваат; барем пристојно да бидат преврзани за да можат да го продолжат патот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пораката на Цветан Горски требаше да се влее како пресуден елемент во татковата стратегија како да го продолжи патот на егзилот, откако ја напушти родната куќа, со надеж еден ден да ѝ се врати сам или преку своите потомци...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Но, другите се спасуваат, го продолжуваат патот. Останува патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И една јагула да им се провлече на немилосрдните рибари е доволна да го продолжи патот и да го обнови потомството.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Среќни се луѓето од уловот, но многу јагули го продолжуваат патот на обновата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така катаден, двапати, турмата од жени и старци квечерум трча зад камионите сѐ до фурните, до првата стражарница, до првиот бункер зад кој продолжува патот накај Елбасан.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Полицијата ги приморуваше љубопитните да го продолжат патот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
3. Една вечер шетав по булеварот Холивуд, без некоја одредена цел. Застанав пред излогот на една печатница.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без премислување еден од монасите ја зема во прегратка и ја пренесе преку водата, спуштајќи ја безбедно на другата страна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Двајцата монаси го продолжија патот и по извесно време оној другиот, не можејќи повеќе да се воздржи, му рече на првиот, „Знаеш дека не ни е дозволено да допираме жени.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тука се наоѓа итинерерот на татковиот егзил. Тука се и дилемите на таткото, како централен лик на сагата: дали да го продолжи патот на семејството, и да се вкорени конечно на бреговите на Босфор, или да се врати на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ѓорѓи помисли да го продолжи патот, но сфати дека за него е побезбедно да се држи до колоната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Експедицијата можеше да го продолжи патот според планот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи не забележа ништо вознемирувачко, по некое време, престана да им обраќа внимание и си го продолжи патот гледајќи пред нозе и мислејќи си го своето мислење.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Четата го продолжи патот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Братучедите кога ручаа го прибраа јадењето и не станаа да го продолжат патот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не можејќи ништо да кажат, разгледаа наоколу и кога не видоа никого, помирено, полека, го продолжија патот пред војниците. Се движеа малдисано и безнадежно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пеју како што проговори така продолжи да се смешка шеретска шетајќи го погледот од едниот до другиот и не си го продолжи патот. Предизвикувачки чекаше мачително долго.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги кренаа рамената еден кон друг и станаа да го продолжат патот. Одеа полека, нога за нога.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)