Атанас гледа, не се витка така лесно Толе и го продолжи разговорот белким ќе го подотера да разбере: — Така е Толе, така е.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За таа слобода и а создадоа тиа наши големи луѓе таа Организациа, шо ти вела јас да влезиш во неа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мајка ја зеде чинијата од вечерата оставајќи го Татко, небаре за да си го продолжи разговорот со книгите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во една тивка квечерина, кога веќе се гледаше крајот на речникот, по напорната работа, Татко и Климент Камилски излегоа на чардакот за да го продолжат разговорот за сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Прво ќе вечераме, а потоа ќе го продолжиме разговорот, - предложи Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја искорна предвреме реченицата со која имаше намера да го продолжи разговорот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Зошто го видела Роска, а не таа, уште повеќе ја заболе кога другарка ѝ го продолжи разговорот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И намерно не знаат како се викал, едни го крстат Григорие други Георгие, и намерно не знаат ни од кое колено на Акиноските бил, дали од првото што се доселило во Потковицата или од некои од подоцнежните (и покрај што настаните, видовме, укажуваат на првото, врзано е за првите доселеници Турци во Потковицата, конкретно за Арслан бег, но кога човек ќе му обрне внимание на тоа, тие, за да му дадат уште поголема зачуденост на сето ова, за да ја изедначат сета таа историја со божје претсказание, си плукаат во пазувите, крстејќи се бошотат нејасни зборови и избегнувајќи да одговорат или да го продолжат разговорот, итро и брзо ја менуваат темата) но бил стар, мошне стар, и праведник.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Константин, потоа Кара-Демир, така продолжува разговорот, се повеќе со искинати и тврди реченици на обездушен човечки говор.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Прочитај ја и врати ми ја кога ќе дојдеш да го продолжиме разговорот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Отец Симеон сакаше да го продолжи разговорот. „Не верувај во проколнувањата, брате како што не верувам ни јас власта осудила на робја малолетно дете.“ Ги затегнуваше јажињата под своето црковно кубе но над него заѕвоне бес.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Тој ќе продолжи да ве штити подобро од стариот, кој беше стар и немоќен! - го продолжив разговорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога старата ги изусти овие зборови, калуѓерот потскокна од местото како со игла убоден, но се направи рамнодушен и го продолжи разговорот: – Зар немаат вода во тврдината?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Му покажав на Фред да дојде и да го продолжи разговорот наместо мене и додека ја спуштав слушалката, слушнав звук од експлозија и се свртев: ја видов Валери како држи вперен пиштол кон мене и сфатив дека штотуку пукала.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Бргу, Буче, земи, однеси го дома ,на мајка ти, и побргу донеси му го цедилцето на стрика ти Стевана, си има работа, да не го задржуваме! — и просто му ги дрпна од раце цедилото на Стевана и му то даде на Бучето, кое веќе си ја знае должноста понатака, а тој го продолжи разговорот со Стевана, кој засрамен му го пушти цедилото со сирењето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој го продолжи разговорот, правејќи бразди со машата во пепелта пред себе: — Мори, невесто Митро, шо ми а пикаш во очите таа Рожденка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се случуваше и други вечери Татко да донесе некоја од своите книги како убав повод да го продолжи разговорот со Мајка на чардакот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Војничето сакаше да го продолжи разговорот, но Мајка си беше со ниет да си ја мине границата што побргу.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше јасно дека се создаваше расположба да се продолжи разговорот започнат во моментот кога Татко ги откри скриените Мајкини знамиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Игор Лозински не можеше првин јасно да разбере каде целеше Татко со кажувањето за империите на Балканот, кога очекуваше да го продолжат разговорот за јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Почувствував дека беше поволен моментот да го продолжам разговорот за троверјето на Албанците и толерантноста, најмногу поттикнат од примерот на споменатиот Фан Ноли.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А.А. за прв пат, помислувам, конструктивно сака да го продолжи разговорот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Очекував младиот цариник најпосле да го продолжи разговорот, но тој веќе го зеде пасошот на друг.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Место да одам на нова театарско соц - реалистичка претстава, на насилен пропаганден допинг, јас се определив да го продолжам разговорот со моќниот А.А.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Времето покажуваше дека беше подобро што Х.Х. не прифати да продолжи разговорот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А јас во оваа клета балканска крчма чувствував необјаснива потреба да го продолжам разговорот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Залудно сакав да го продолжиме разговорот: - Имав добар дурбин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мајките не обрнуваат внимание на нивната игра, го продолжуваат разговорот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
- И јас сум била некогаш на твои години – ми одговори мирно таа и одби да го продолжи разговорот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Има и делови што многу ми се допаѓаат – се обидов да ублажам – но има некои во кои ама никако не ми се допаѓа каква што сум.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)