продолжи (гл.) - за (предл.)

Се нагреаја на огнот, вечераа на видело и утредента продолжија за Воден.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И сега улицата живее од небото до Камениот мост А оттаму продолжува за да се влее Повтор негде далеку во ѕвезденото небо По мостот поминуваат и радоста и тагата на животот Помина по него и чадот од тратот, и молитвата На невестата што ја вградивте во темелите...
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И веќе немало значење колку ќе трае ерупцијата: ќе заврши ли за некој ден или ќе продолжи за вечност - сѐ во градот било мртво...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)