Сеедно дали постои или не бакнежот, со неговото „случување“ се случува и пресврт во директното опкружување на поетот: се населуваат две тишини околу него како доказ дека имало бакнувач, како оставена трага во денот на нешто што пролетало низ него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На Винстон му пролета низ главата мисла дека веројатно би можел сосем лесно да се изнајми собата за неколку долари неделно, само кога би се осмелил да ризикува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некогаш доволна ми беше твојата насмевка да ми ја исполни душава со задоволство, а денес твојот лик како молња пролетува низ моите мисли.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Многу пати си ги повредивме чувствата со вистината и тоа болеше, но несакавме да живееме на површината од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сега „ја имам”, си мислам, но и нешто друго ми пролетува низ главата: од каде таа знае во кој момент како сакам да се однесува?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Немаше политички мотиви ниту било каква организација.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се разбира, заштедува хартија.” Gertrude Stein. Roy Walford. Wilt Chamberlain. Mathias (Rusty) Rust, деветнаесетгодишник, коскест тинејџер-осаменик од Хамбург, кој стана светска „Киберпанкерска” ѕвезда кога на 28 мај 1987-та со една „цесна”, едномоторец, пролета низ непробојната советска воздушна одбрана и се спушти на московскиот Црвен плоштад.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Истиот час како сениште пролета низ спалната, излезе.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Не ја одминавме во муабетот и млечната криза (тогаш мене ми пролета низ глава прашањето од што ќе се прават млечни чоколада ако кризата потрае подолго и баш тогаш ти се откри на левото рамо прерамката, боја чоколадна), скршивме и по некој лаф за здравјето и доброто расположение на нашите заеднички пријатели.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)