Комерцијалните американски радио станици уште пред повеќе децении го најдоа модусот за прилагодување на медискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во пракса тоа значи дека секоја станица ја пронаоѓа својата целна публика на која ѝ се прилагодува.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Пропагандните агенции мораат да го почитуваат “форматот” до последен детаљ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во „Мртвата природа со мандолина“ Ботеро го пронаоѓа својот сопствен начин на прикажување на телото. 1957 Уметникот има изложби во Вашингтон и во Богота.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
1955 Откако изложбата на неговите италијански дела мина мошне неуспешно, уметникот заминува во Мексико. 1956 Патување во Мексико.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Никогаш не бев предобра ученичка, затоа што училиштето не беше место во кое ги пронаоѓав своите интереси.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во кончетизмот маниризмот го пронаоѓа своето највисоко исполнување.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Беше еден од оние самјаци, кои воопшто не обрнуваат внимание колку е длабок снегот, за да продолжат да ја бараат и да ја пронаоѓаат својата храна, а по дирата, што ја имаше оставено зад себе тој, сега можеа да чекорат слободно еднододруго двајца луѓе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)