Во однос на времетраењето на постапката, новиот закон пропишува рок од 90 дена од денот на приемот на претставката за спроведување на истата, додека пак стариот закон е поекспедитивен и предвидува рок од 60 дена, кој пак може само по исклучок да биде продолжен за 30 дена доколку се работи за сложен случај.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)