Билансот на владите предводени од СДСМ во однос на работничките права Во време кога на власт беа коалициите предводени од СДСМ дојде до следните позначајни намалувања на работничките права: • 1993: укинување на обврската за осигурување на приправниците кои вршат волонтерски работи (Закон за работни односи); • 1993 и 2005: намалување на времетраењето за коешто отпуштениот работник како технолошки вишок имаше приоритет при вработувањето кај истиот работодавец (Закон за работни односи); • 1993, 1997, 2003, 2005 и 2006: драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок за невработените лица (Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност); • 1995: воведување можност за отказ без отказен рок (Закон за работни односи); • 1995: намалување на должината на отказниот рок (Закон за работни односи); • 1997, 2003 и 2005: намалување на износот на испратнината за лицата прогласени за технолошки вишок (Закон за работни односи); 194 • 1998: воведување на можноста за намалување на деветмесечниот период на породилно отсуство (Закон за работни односи); • 1998: овозможување со колективен договор на ниво на работодавец да се пропишуваат помали права од правата утврдени со грански колективен договор (Закон за работни односи); • 1998 и 2005: воведување и зајакнување на субјективните преференции на работодавецот при одлучувањето кои работници ќе бидат отпуштени при технолошки вишок (Закон за работни односи); • 1998: укинување на судската заштита при прогласувањето технолошки вишок (Закон за работни односи); • 2003 и 2005: пролонгирање на времетраењето и опсегот на работниот однос на определено време (Закон за работни односи);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)