Чудно им беше што не ги проследуваше Мурџо, никогаш не пропушташе да не биде крај Пеличка.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Знаеше дека брзо ќе биде „отчукан” до републичките и до сојузните власти и до партиските раководства, па затоа ништо не пропушташе да рече.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Многу те сакам мамо!“, не пропушта да каже, никогаш, ама баш никогаш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не пропуштаме да отпочиниме во единствениот и изненадувачки прекрасно уреден ресторан со хотел и голема тераса со поглед на езерото, домаќинлак на невообичаено љубезните Коста и Вера.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)