– На Чанга му ги оставивте? – Да ,на Чанга ? – одговори тивко мајка ми. – На Чанга, на Чанга... сите му ги дале козите на тој проклет прч Чанга... – процеди низ заби нервозно шефот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тихомир се обиде да ја смири ситуацијата: „Пссссст… “, процеди низ ситните заби Тихо, ставајќи го показалецот на носот, „Пссссст…!“ „Пссссст…“ просскаа осамените срца, секој со прстот на носот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Постојат и други моменти - процеди низ забите Милошевски.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Процеди низ заби: - Бугарска. Така и мислев.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Татко не рече ништо, само процеди низ заби, да не го чуе Мајка: - Ах, тој Донски!...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А.А. иронично процеди низ заби: - Вие пак со проклетиот Фројд.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)