Ликот на таткото, најавен (заедно со библиотеката) како клучен лик и во претходните книги на Старова, е еден посебен тип на чудак, речиси алхемичар, кој верува дека сите книги од неговата библиотека, ако се прочитаат според една и само една точна синтакса, го кријат клучот на балканското историско проклетство, во кое егзилот е неодминлива судбина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)