прошета (гл.) - низ (предл.)

Еве, малку ќе чекорам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И тој, несигурно придигнувајќи се, и како да гледа во нешто невидливо, прошета низ собата, но некако нечовечки, право, никаде не скршнувајќи.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За среќа козата само прошетала низ сцената, публиката ништо не забележала, верувајќи дека козата настапува на сцената.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој помисли: „Чие е ова писмо? - Кој го фрлил во дворот? Сигурно е фрлено преку ѕидот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Куќата од коџобашијата40) се наоѓаше на крајот од селото.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Како и секојпат, така и четвртото утро, раното стариот бег излезе да прошета низ дворот и да ја растера маката од старата душа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Трговецот прошета низ селото и праша: дали има свињи за продавање и по која цена можат да се добијат.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Помислив: некој задоцнет брахман прошета низ оваа страница и исчезна некаде: ниту со очи се гледа ниту со збор се искажува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
— Побрзајте, — му рече, — јас денеска заминувам за Стамбол, та не ќе можам лично да ви ја свршам оваа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аха! — се замисли силниот Ростовски, и стана од столот да се прошета низ широката одаја за да донесе решение по оваа сериозна работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Златни бумбари наеднаш прошетуваат низ озвучениот воздух Зарем и нив ги имаат моделирано градителите на храмов Таму горе, во рајските работилници?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се разбира дека тоа не е сѐ. Социјализмот во мојата претстава почнува некаде од некои газиени ламби, со право на одвај четири тетратки во годината во гимназиските клупи и со многу транспаренти и пароли против студот; со први куси панталони од излитено вејничко ќебе што ќе ги облечеш одвај на твојата шеснаесетта година за да прошеташ низ полето што сѐ уште потсетуваше како да е „во војнички цокули обуено...“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Бевме мали, братчињата, сестричките и са зима молевме да оздраве мајка и пролети некаде кога прошета низ дворот како дечиња се разиграа црешите на гранките а гласот мајкин светкаше меѓу нив како некоја заповест од светата книга, како ѕвезда Давидова.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А можеби сметаше дека и тој не е повиканиот да го размрси она што мајка ми избегнуваше да го реши.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Даскалов прошета низ собата па дури потоа почна да го дообјаснува она што изгледа и нему му се чинеше нејасно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Токму кога требаше да се откриваат тајните, Рада мудро го покани Ѓорѓе да излезат да прошетаат низ градот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ајде малку да прошетаме низ пченките...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога мајка им и Богдан понекогаш ќе им се одвоеја да прошетаат низ пченките тие остануваа да ги чекаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Истата вечер, по давањето збор, не може да заспие од возбуда па излегува да се прошета низ парискиот латински кварт каде што влегува во едно бистро и сосема случајно го запознава младиот, сиромашен пејач Пол кој и самиот доаѓа од Америка и студира пеење во Париз.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Околу сонце огревање утринава прошетаа низ пазариштето четворица агалари со двајца сејмени по нив, и со некаков интерес се загледаа во групата мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Утрото станале и го зел Силјана Аџи кљак-кљак, та го прошетал низ неговото гратче и го однесол кај двата извора, што се правеа штркови и човеци.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дед Павел нè прошета низ старото но и низ младото лозје, она што имаше тогаш три или четири години; ни покажа како напредува шумичката на западната страна на имањето, онаа што самиот ја беше засадил, а потоа поминавме и покрај бунарот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дед Павел, сега сум веќе сосема сигурна дека и тој беше присутен додека се водеше овој разговор, рече дека Аксја секогаш носела огледало во чантата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Господи, кога сиот ваш пат до Костурницата ми прошета низ главата речиси ќе фркнев од болка, а потоа, онака малаксана и изморена и немав што друго да сторам па отидов до иконата и се прекрстив. Веројатно од благодарност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или ти мислиш, огледалото служи, за да прошета низ него твојата сенка?“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еднаш, кога се врати птицата во залезот, не го најде осамениот човек па долго надлетуваше над неговиот двор, прошета низ пирејот, и не можеше да го препознае човекот, цел живот што ја препишуваше земјата врз себе, ноќе што го препишуваше морето од птицата: тој стоеше потпрен, речиси – исправен пред својот дом, скаменет, спокоен - сам себеси син епитаф.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Му текна нешто и рече: - Те молам, старче, почекај ме малку, а јас ќе прошетам низ градината, да размислам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ти си крива, ти велам јас, ти за сè крива!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)