пружи (гл.) - рака (имн.)

Девојчето ги пружа рацете во правец на очите на момчето, како да се обидува да го хипнотизира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исплази го јазикот да ти го видам!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Ѓаволчиња малецки, колку ве сакам! (Ги пружа рацете кон бандитите; Жилата на челото ѝ набабрува) ГЛЕДАЈТЕ МЕ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На еден кревет седат две деца, машко по име Буки и девојче - Грета.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овде Кравар најпосле зазема позиција внатре во сосема рецентните политички спорови и ѝ се спротивставува на раширената теза за “национално помирување”, според која сонцето конечно ќе ни светне дури откако бившите усташи и комунисти меѓусебно ќе си пружат рака.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Пред очите на1 детето се мафта со оружјето и накитот што му припаѓале ма мртов човек; ако детето ја *T.Lidz: The Family and Human Adaptation(London,Hogarth Press,1964),p.54 34 Margina #22 [1995] | okno.mk пружи раката - се слуша восклик: Дедото повторно се вратил во живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И тој, понесен, опијанет од нејзината игра, пак пружи раце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, тоа само изгледаше така, затоа што Јан одеднаш ја пружи раката кон мене и почна да ми ги гали косата и лицето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се сврте кон Еразмо и му рече: -Еве, ти го подарувам – ја пружи раката на чија дланка блескаше дијамантот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се пробуди, иако знаеше дека нема ништо на столот до него, сепак ги пружи рацете, посегнувајќи по фигурата на старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Додека стоеја на бедемот од тврдината, Ѓорѓе ја пружи раката кон сливот на Сава во Дунав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неговата скриена желба веќе стоеше на тацна. Требаше само да ја пружи раката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред да му го каже името, Ѓорѓе сам ја пружи раката кон Душка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако се поздрави со сопругата Галибе Хаки, Татко возбуден му ја пружи раката на Али Фети, кој, откако му ја прифати, силно го прегрна, велејќи му: Добро ни дојде сине!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше среќна што најпосле завршуваше мисијата на обајцата во потрагата на османските заемки, верувајќи дека најпосле ќе се свртат кон покорисни работи во куќите и семејството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според веќе познатиот ритуал, Мајка му ја отвори капијата, го прими убавиот букет со црвени рози, сега подготвено му ја пружи раката на Камилски за да ја бакне.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Христина се насмевна и пружи рака, Петар го подигна шеширот во знак на поздрав и ѝ ја бакна раката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Девојките зацрвенети се поклонија, насмевнаа и пружија рака.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томе стоеше како стаписана и збунето како од немајкаде бавно и малку несмасно ја пружи раката која Петар со огромна нежност и галантност ја зема во рака и ја бакна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Со многу дискретен, префинет но одлучен манир им пријде на дамите, им пружи рака да им помогне да станат, да се исправат, отрча до кај бакалот и донесе две чаши вода и шеќерче да се смират.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Немаше кој да му пружи рака, сами, таа и тоа во борба за живот, сплотени заедно требаше да ја пребродат големата мака.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Се доближи до мене, ја пружи раката и ми го подаде. Не гледаше во мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ти радосно го гушна, му пружи рака и му кажа: "Честито, од сега си ми колега".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
11. Си реков дојде време за отпочин од многу сонување Време е да се протријат очите И да се касне некое резне јаве Преполно со коалољубци (и кенгурољубци) од сите земји Кога ќе видам што ќе видам Лично Папата Бенедикт Шеснаесетти Да ми ти дошол во Австралија и лично тој ми пружи рака Вели одамна сакал да се сретне баш со мене (Вели дека сум Божји ротвајлер и јас навистина не го разбрав тоа) Вели многу го интересирале моите соништа И малку се попари кога веднаш му кажав Наместо добредојде му кажав дека за моите сонови Сум во постојана комуникација со еден поет од Македонија Ох Македонија рече Папата никогаш не сум бил во Македонија Иако тоа е само еден саат летање од Ватикан Никогаш никој и не ме поканил во Македонија А во животот на еден Папа многу е важно да не оди неканет на гости Сум читал многу за Македонија додаде Папата Светиот апостол Павле на пример пишува „Кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; Во сѐ бевме во маки; однадвор напади, одвнатре страв.“
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Како да се двоумеше еден момент, а потоа сепак ја пружи раката и го зеде кибритот од зад порцеланската ваза на која стоеше Кинез во чамец што плови кон поле од трски.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Никој не му пружи рака за да се ракува со него, да се смее, да вика.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Џорџ Смит ја отвори устата, потоа ја затвори, ја пружи раката па ја повлече назад.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Ќе пијам, - вели Зоки и ги пружа рацете кон Сламеното Мече.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Отиде до портата, па дури и му пружи рака на Лазо Телеграмата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А потоа го подзеде листот од неговата рака и потпиша.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Собрани околу чадот што излегува од долу, пружаат раце, шмркаат и плукаат настрана...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го слушнав како со топлина во гласот го изговори моето име и истовремено ми ја пружи раката за поздрав.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тоа беше најсреќната седмица во мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев со Бреда секоја вечер, а преку викендот заминавме за Вермонт до хигиенскиот центар за кој ѝ зборувала нејзината роднина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ќе ти се јавам“, рече таа. „Важи“, реков и ѝ ја упатив својата најширока насмевка. „И јас тебе ќе ти се јавам“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Беше убаво“, рече таа. „Да“, реков и ја фатив за рака. Имаше ракавици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На излезот ми пружи рака и ми соопшти дека резултатите ќе пристигнат за една недела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го сврте кон мене долгото, елегантно и страдалничко лице на своите пуритански претци и ми ја пружи раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И јас ја пружив раката, иако знаев дека тоа јадење нема да ми се допадне, оти се сетив, баба еднаш ни намачка маст за вечера и ни раскажа дека, кога биле деца, најмногу сакале тоа да го јадат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)