Долги години свиреше во бендот на Рамбо Амадеус, а потоа одеднаш, од сосема непознати причини, му пукна филм и замина во Америка.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сѐ додека речиси не ми пукна филмот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Знаете, и тоа се случува: наеднаш ќе ви пукне филмот и завладува темнината.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јас сум многу љубопитна по природа и моите дома често ме нарекуваат „досадија“, демек- сум била здодевна со прашањата, со упорноста да го истерам докрај тоа што ќе си го наумам, па ги „давам“ понекогаш до бескрај, додека да “им пукне филмот”, како што има обичај да рече мајка ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)