Понекогаш тоа го прават и Гордана и Сашка, ќерките на чичко ми, за да заработат некој динар, колку за во диско, или за цигари што ги пушат кришум од татко ми со друштвото од училиштето.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)