Но и тоа беше достаточно за да се почувствуваат тие родители Грци, оти преку Дима секој од нив добиваше по цела лира на месец што го пуштил своето дете да учи „вистинска наука".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Јас ќе ти помогнам! - рече Месечината и го пушти својот најсилен зрак кој заигра по лицето на Снежана и ја заскокотка по нослето.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Подоцна, кога дозна Пелагија како се преселила Чана, убаво ја искара, а оваа само ја пушти својата широка и гласна смеа Ми шо ми стана, мори сестро, зар р’цте ми паднаа! се свртува кон неа секнувајќи ја смеата Ми кој ти а пуле Пеличка?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Таа прва го пушти своето меко гласче Ми они тричките и у црква биле вадин, у Света Бугуројца! Арно направиле.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И јас го пуштив својот взор брз бакарните релјефни корици на книгата и во очуденост прочитав: „Псалми“ 3.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но, на огнето не му беше потребно многу време за да ги пушти своите корења во сувото дрво и да почне да му се спротивставува, обидувајќи се да му се отскубне од рацете.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ако си граматик или сказник, писател ако си, и ако ја напишеш првата реченица точно, тогаш си постапил како вешт ловец кој добро нанишанил пред да ја пушти својата оптегната стрела во пленот свој; ако не, безумие во сочинението настанува, и сите подоцна родени зборови, гласови и букви се залудни.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Како да можеше да го пушти својот глас и тупаница не само пред државникот туку и пред господа.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)