Додека Татко, со книгите, остана дури до мугри, Мајка, со нова енергија, работеше низ куќата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Мајка му се враќа од подрумот и продолжува да работи низ претсобјето.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Ѓулсиме престана да ја очекува неговата помош во домашните работи, и, како вистинска жена на ќаја, го избра поразумниот и утапкан пат, и почна да ги вика селските жени да ѝ работат низ куќи, да ѝ аргатуваат во бавчите, и да ѝ го чуваат детето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Не претерувај – се вмеша мајка ми и строго го погледна татко ми.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Да не сум вредна, да не не работам низ куќа, да не не ѝ помагам на мама, ајде кажи – се налутив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ако сака да биде поп нека биде поп убавата Пела! уште повеќе се разлутуваше Дончо од што нозете почнуваа побрзо да му се движат и скоро како коњ во галоп поминуваше покрај работниците што веќе работеа низ стопанството.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Си можел да објасниш дека се случува, додека повеќето жени работат низ куќа, таа да работи на машината за пишување, или да е на службен пат, или...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бреза брзо сфати дека нешто чудно се случува во куќата, внимателно испитувајќи ги со поглед тетка Ана, Тета, мама и Јорданка кои постојано нешто работеа низ собите имајќи вцрвенети очи од плачење и потечени очни капаци.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ама сега почна поинаку да работи низ селото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)