Што јас работам овде во оваа балканска дупка?
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас сум задоена со мирисот на хотелските соби на Вацлавак и, разбери ме Ема, ова овде е нешто друго, работата носи пари, но јас во оваа работа не сум јас.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)