Во таа борба, неминовно е детето да се самоподели, да чувствува двојна приврзаност, дотолку што е принудено да биде и за и против мајка си.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бојан, иако без поголемо животно искуство, донекаде можеше да ја разбере оваа мисла на дедо Иван.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Рада сосема трезвено ја разбра оваа порака на Јана.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Не беше тешко да се разбере оваа филозофија на вазалска потчинетост, којашто во овие картагински простори, во кои беа напластени неколку слоеви цивилизациски мудрост, продолжуваше тивката и жилава борба за опстанок, чиј вистински човечки спец-мен беше стариот градинар.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
(Според Пруст, кој толку добро ја разбрал оваа амбивалентност и кој толку живописно ја прикажал во првиот дел од Накај Сван, борбата на детето за контрола врз мајчината љубов неумоливо ја воспоставува сцената за наредните, слично предосудени возрасни обиди да се поседува субјективитетот на другите предмети на љубовта.)
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)