Ние, помалите деца, макар што никогаш не го разбравме значењето на зборовите „социјализам“, „комунизам“, „работничка класа“, зборови кои најмногу се повторуваа, мислевме дека се тие најопасни за нашите кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
При првата средба во Струга, со доверлива искреност, која мигум се воспоставува, сведочеше за неговиот егзил, за првите минати години во Галилеја, за трагичната 1948 година, кога по нападот на Израел, ќе го доживее крајот на рајот на детството и ќе започне неговиот егзил, кој ќе трае до крајот на неговиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Помачете се што поубаво и подобро да го разберете значењето на тој збор.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Зашто, за да ја разберете поентата на карикатурата, треба најпрво да го разберете значењето на реченицата што ја изговара карикатурата на наставникот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ќе се најде со семејството во егзил во Либан, каде што за првпат ќе го разбере значењето на зборот татковина, потоа на зборовите, војна, бегалци граници, чија реалност ќе го следи до крајот на животот...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)