разбере (гл.) - суштина (имн.)

На синот-наратор не му преостануваше само да го реконструира патот на таткото низ итинерерот на неговите книги и читања, туку наоѓајќи излези од нив, да ја разбере суштината можеби и продолжението на незавршената книга во ракопис Историјата на Балканот низ падовите на империите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За системите на писмо може да се зборува врз основа на графетички фактори, како што се големината, стилот и конфигурацијата на симболите, или смерот на пишувањето; но ова не ни помага да ја разбереме суштината на графемите и како тие се употребуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ја споделуваше болката на мајка, на другите мајки во Козар маало што не можеа да го прехранат семејството, но тој бараше да ја разбере суштината на проблемот, ги бараше патиштата на можниот излез.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но не е лесно да се разбере суштината на оваа идеја која го следи човештвото уште од најстарите времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)