Забелешка:
треба што подетално да се објасни
случајот кога обајцата здогледавме
некои црвени дрвја
немоќни да прозбориме
свесни дека црвените дрвја се зборот
кој го означува раѓањето
на овој културно- историски споменик
под заштита на државата
дека црвените дрвја се знак
за нашето враќање
во петтиот век
и дека го разбираме
јазикот на тоа време.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Нашето дете не владее со светот на јазикот
но го разбира јазикот на светот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Јасно е дека станува збор за субјективна работа што е под влијание на богатството на избраниот јазик, остроумноста на лицето што го дава описот и способноста на оној кој го прима да го употребува и разбира јазикот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Впрочем, и не беше неоправдано
на потчинетите да им се обраќаме
со јазик што не го разбираат
јазик без ’рскавица
без срце, без папок
при секакви прилики
што ја земавме истата нула
истиот обрач
го растегавме како сува кора на стварноста
и додека пукаше, секогаш рапаво
се грозевме и едните и другите:
народот, од што беше чувствителен
ние, од што нè обземаше страв и
претерана волја да биде по наше.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Откако му објаснив дека се викам исто како и едно дрво што расте во нашиве краишта, Игбал има обичај да рече: - Познавам две Брези, едно девојче и едно дрво и тоа е сосема доволно да можам да кажам дека ја познавам твојата татковина и дека го разбирам јазикот на кој зборувате.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)