разговара (гл.) - и (сврз.)

Таму упорно се бранат едни и напаѓаат други, а ние разговаравме и разговаравме и не забележавме кога се помести месечина, кога се разретчија ѕвездите и пребледе небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Влакна од нејзината коса го скокоткаат и му го бара погледот во ретровизорот преку којшто разговараат и се договараат со очи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Умре на педесет и четири. Последните години повеќе разговараше и патуваше отколку што пишуваше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Победникот ја минува целата, по него, само десеттинка од секундата подоцна – вториот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од оние со кои подоцна разговарав и се распрашував за тоа што човек бил Борко во војната, речиси сите се согласуваа дека уште на почетокот, во 1941-та, покажувал храброст, но не некоја храброст сама за себе, туку храброст чиј мотор е во некоја внатрешна амбиција која често не води сметка ни за другите луѓе, ни за другите нешта.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја сакаше исто како оние ретки луѓе, со кои што можеше добро да разговара и сега ја жалеше што беше така незгодно посрамотена пред него од она со Претседателот ноќеска.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој разговара и гледа во мене.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Затоа му се разговара и ѝ се обраќа на старицата со развлечен, темен глас: - Добра ти среќа, бабо! Од каде?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Порачаа оти ќе разговараат и со вас!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Седеа и читаа весници, разговараа и слушаа некоја музика на радио, потоа седеа покрај каминот и гледаа во жарта додека часовникот отчукуваше десет и триесет, па единаесет, па единаесет и триесет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Понекогаш разговара и со доктор Татули кога ќе намине кај нив дома.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)