По овие зборови тој раскажа приказна со која ги саштиса сите околу него: - Знаете каде е Горна Порта, им рече со таинствен глас.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сепак, не заборава да ми испее песна и да раскаже приказна на своите три убави ќерки.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Е, сега со кафето ќе ви ја раскажам приказната. Тоа ќе биде моето изненадување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ќе те поведам во светот на магијата, ќе ти раскажувам приказни за грбавиот гусар и за руската кнегиња, за љубовта на прв поглед и за љубовта на која не ѝ треба поглед, за глумицата чие име веќе го споменав во две-три мои дамнешни полупесни.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ѝ раскажа приказна на Ели, држејќи ја во скутот, ме пофали мене за двете петки на писмените работи од македонски и математика, направи некаков пудинг за по вечера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
За мене со Ели обврските беа сосема мали: ако сакам да ја прошетам, кога немам за учење, ако сакам да ѝ раскажам приказна, или да ѝ прочитам од книшките.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Вамбери раскажал приказна за балкански претседател на влада, кој му го вратил часовникот на гостинот, крадејќи го од својот министер за финансии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Што значи за нашиот прогрес на демократијата партизанското движење, излагаше Косановиќ, додавајќи дека тоа движење го обединува народот и дека не треба да се спречува туку да се канализира и да се искористи револуционерното движење во Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Сакав да го замолам да ми ја раскаже приказната за Дуња -Ѓузел, оти не стигна тоа да го стори, а никој друг освен него не се сеќава, на неа ама..
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Во некоја рака, мојот прв пациент беше татко ми.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Јас секогаш се трудам прво да пронајдам филмски начин за да ја раскажам приказната со меѓусебно поврзување на плановите и кадрите во филмот.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Години подоцна, по завршувањето на медицинската школа, шесте месеци во неврохируршкиот оддел, и двете години како психијатар во британската армија, тој беше многу изненаден кога како негов администратор му ја раскажав приказнава. (...) Margina #21 [1995] | okno.mk 53
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
И си мислевме и се прашувавме: дали таму каде што не носат ќе има ли некој кој ќе не погали со топла дланка како дланката на нашите мајки, кој ќе не бакне пред спиење, како што не бакнуваа нашите мајки, кој нежно ќе не погледне како што не погледнуваа нашите мајки, кој ќе ни се насмевне со насмевка на нашите мајки, кој ќе ни раскаже приказна, ќе ни запее приспивна песна, ќе ни избрише стежната солза?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но во мене од истиот тој момент, кога ми ја раскажа приказната, се јави помислата дека и тој се посомневал оти неспомнатата убавица била токму Пелагија и ниту една друга.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Инаку, од кои други причини ќе се впушташе во прераскажувањето на таа обична историја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се разбира, некој од внимателните слушатели не почекал да слушне и уште нешто поодредено, отрчал во полицијата и ја раскажал приказната.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Како да ми ја раскажа приказната за Бикот, што му се ругал на телето кое во својата наивност прашало зошто не влегуваат во дворот кога вратата зјае? Дали затоа дека е шарена?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)