Убаво ја раскопа земјата, ја издроби, ја иситни и го фрли во неа: можеби тоа ќе оплоди некое малечко сонце кое земјата и ноќем ќе ја огрева, - помисли Каин и ја чека големата жетва - братоубиството. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Откако убаво ја раскопа земјата тој почна да размислува и за буквите па од сета азбука ги избра само Р и У, ги запрета в земи а тие таму се испреплетоа и врзаа густо корење.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)